За Нас

ЕЛКОН е бренд кој од 2014 година е застапен на македонскиот пазар.
Започнавме со идејата за постигнување на безбедност и олеснет начин на живот и работа.
Нашата цел е да ви понудиме сигурност и квалитет, со помош на висококвалитетните производи
од познати светски марки кои секојдневно се употребуваат во нашата работа, производи кои ќе
продолжиме да ги користиме и понатаму поради големиот број на успешно извршени задачи.


Ние чекориме напред заедно со технологијата, ги следиме сите напредоци кои се постигнуваат во
усовршувањето на производите кои се неопходни за областите во кои работиме.
Наша должност е да ви понудиме висок квалитет на услугите со производи кои се докажано
квалитетни и чии цени се пристапни за сечиј вкус и потреба.
Нашата компанија се грижеше, се грижи и ќе се грижи и понатаму за компаниите кои имаат
потреба од зајакнување на својата безбедност и во олеснување на пристапноста за себе и своите
вработени во секоја насока потребна за непречено извршување на работните задачи.
Елкон ви нуди решенија за:
-Системи за видео надзор
-Електрика и автоматика
-Системи за контрола на пристап и евиденција на работно време
-Алармни системи
-Компјутерски системи
-Домофонија и видео-домофонија
-Гаражни врати и автоматика на секаков тип врати
-Паркинг системи
-Системи за детекција и дојава на пожар
-Телекомуникации
Нашата комплетна услуга се состои од проектирање, продажба, монтирање/инсталација и сервис
и одржување на опремата.
Големиот број на задоволни клиенти го потврдуваат високиот квалитет на производите и начинот
на изработка, како и нашата брзина и услужливост.

На следниот линк можете да ја симнете Референтната листа на компанијата.