Контрола на пристап

Ако никогаш не сте слушнале за контрола на пристап или само разгледувате, сега е одлично време да го направите тоа, бидејќи е на врвот на пазарот. Терминот контрола на пристап опфаќа прилично широк спектар на уреди со различни функции. Тоа е особено важна безбедност. Контролата на пристап само им овозможува на оние кои вие, компанијата или сопственикот на компанијата сакате да го овозможите. Тоа е всушност и контролата на безбедноста.



Контролата на пристап може да се имплементира на бројни места кои се важни за вашата безбедност и за вашата компанија.

Секаде низ светот безбедноста е нарушена при што ние ја издигаме на повисоко ниво, при што вие би ја доловиле и би ја пренела на вашите вработени/ клиенти.
Секојдневно секој од нас, се соочува со користење на Акцес Контрола, при влез/ излез од објект, при што ги користиме уредите заменувајќи ги клучевите за отклучување, и веднаш автоматски се активираат проследувајќи команда на заклучување зад нас.
Благодарение на нашата фантастична имплементација на контролата на пристап, вработените не треба да се свртат и да ја заклучат вратата зад нив, бидејќи е доволно паметна за да го стори тоа самостојно. Се чувствуваме безбедно и сигурно при што ја оставаме технологијата да работи за нас. 
Тоа е тоа што ние од тимот на ЕЛКОН МК го нудиме како фантастична технолошка поддршка која инсталирајќи ја во рамките на вашата компанија ја издигнуваме на повисоко ниво.

Контролата е во ваши раце.

 

Многу фирми размислуваат како на брз и точен начин да го пресметаат работното време на своите вработени.Совршеното решение за овој проблем е системот за регистрирање на работното време кој помага во управувањето на фирмата.Системот може да ги пресметува прекувремените часови и доцнењата на вработените затоа што системот го регистрира влегувањето и излегувањето на секоја личност.Евиденцијата на работното време дозволува реализирање на евиденција на присуството на вработените и е во согласност со Законот за работните односи.

Во овој систем важно е секој вработен да има своја картичка,за картичката потребен е читач за да може да се регистрираат сите влегувања и излегувања.Секоја картичка има свој сопствен број со кој се овозможува идентификување на вработениот.Системот исто така содржи и програма која го пресметува времето кое вработениот го изработил.Оваа програма ги зема во предвид ноќите,неработните денови,одморите и другите причини за отсуство.

Евиденцијата на работното време ги заменува хартиените документи а исто така и ги исполнува барањата на Законот за работни односи во кој претприемачот треба да има евиденција на работното време на своите вработени,со што овие податоци можат да бидат на хартија или во електронски формат.Овој систем покрај другото го прави изгледот на фирмата помодерен.

Системите за евиденција на работно време се состојат од три сегменти и тоа:
– читач на картички (контролер)
– комуникатор
– апликација за преглед на евидентираното работно време

Изведуваме секакви комбинации на контрола на работно време, согласно потребите на корисникот и ифраструктурата на постоечките објекти. Согласно законот, секоја фирма која има повеќе од 50 вработени, мора да има имплементирано електронски систем за евиденција на работно време. Бенефитот на користењето на електронскиот систем за евиденција на работно време, е двостран, и за работодавачите и за вработените.

Првите имаат комплетен преглед на динамиката и активностите во фирмата, а вторите т.е работниците, имаат доказ за времетраењето на нивниот ангажман.