Видео надзор

Елкон ја унапредува безбедноста и сигурноста со решенијата за видео надзор од светска класа.

    Решенијата за видео надзор се безбедносни алатки кои помагаат да се намали криминалот и да се заштитат луѓето и имотот. Овие решенија ги одвраќаат загубите на приходи од украдена стока, уништување на вредни информации и вандализам.

Елкон нуди интегрирани и прилагодени напредни решенија за видео надзор за да го заштити она што е најважно за нашите клиенти.
Ние дизајнираме, инсталираме, одржуваме и надградуваме широк спектар на решенија за видео надзор за да ги задоволиме специфичните потреби и буџети на купувачите, од големите трговски претпријатија до домашни безбедносни платформи, од едноставни системи за камери за мали канцеларии и бизниси до комплексни решенија за системи за управување со урбаниот сообраќај .
Во корисниците на Елкон решенијата се вклучуваат комерцијални, индустриски, малопродажни, институционални, владини, мали бизниси и резиденцијални клиенти.

 

*Заменете го постоечкиот систем за видео надзор со дигитални камери до 8мп искористувајќи ја старата инсталација.

 

Елкон е страсно посветена да им помогне на своите клиенти да ја постигнат безбедносната цел со решенијата за видео надзор.

Системот за видео надзор се состои од уреди за обработка на слика односно камери и уреди за снимање на продуцираниот видео сигнал од видео камерите, односно видео снимател.

Видео надзорот во основа се дели по технологијата на обработка на сликата и тоа на системи со аналогни сигнали (аналоген видео надзор) и системи со дигитален сигнал (IP видео надзор и HD видео надзор). Постојат и комбинирани варијанти односно хибридни системи кои вооглавно претставуваат комбинација на IP камери и аналогни камери за видео надзор.