Алармни системи

Алармните системи се составени од систем на сензори со чија помош се детектираат непредвидливи ситуации како на пример кршење на стакло,отворање на врата,движење во просторот и сл.
. Контролниот панел на алармната централа управува со работата на сите елементи во системот. Прима сигнали од детекторите и врши алармирање со помош на сирените, врши дојава до мониторинг центарот и го алармира сопственикот преку телефон или ГСМ мрежата.
Најчест начин на кражба е со обивање на влезната врата па затоа надзорот на оваа врата е најважен. За следење на состојбата на влезната врата се користат магнетни детектори, овозможувајки ни да знаеме дали вратата е отворена или затворена. Тука се користи и влезно доцнење кај алармот за да му се овозможи на корисникот да внесе код.  
Друг тип на детектори кои се користат се детектори за кршење на стакло.
Овие два типа на детектори ( магнетен детектор и детектор за кршење на стакло) образуваат основен заштитен ѕид.
Третиот тип воедно е и најкористен а тоа се детектори на движење, познати како PIR сензори. Тие го детектираат движењето на човечкото тело низ просторот што го заштитуваме и на тој начин го откриваме секое несакано движење во просторот. Со примена на овие детектори можеме значително да го намалиме бројот на магнетните детектори и детекторите кои детектираат кршење на стакло. Се произведуваат во најразлични модели во зависност од потребите. Овие детектори можат да бидат внатрешни и надворешни.


Елкон обезбедува попаметни начини за да се помогне во заштитата на луѓето, домовите и деловните операции со нашите решенија за детекција на упад од трети лица.

    Губењето на животи, стоки, опрема и вредни информации поради упад во "работата" сериозно ги погодува бизнисите и негативно влијае врз вработените. Преземајќи консултативен пристап, Елкон обезбедува целосен опсег на интегрирани решенија за откривање на упад, кои се прилагодени за секој клиент.
Дома, безбедноста на членовите на семејството е најважна, но губењето на имотот исто така е финансиски проблем и предизвикува емоционална штетна.
Елкон ги прилагодува решенијата за детекција на упад за секој вид на домаќинства.
Елкон дизајнира, инсталира, одржува и ги надградува решенијата за детекција на упад за да одговараат на специфичните потреби и буџети на секој од нашите клиенти.


Системите за откривање на натрапници помагаат да се заштити имотот и блиските на нашите клиенти 24 часа на ден. Нашите решенија обезбедуваат суштинска пречка за криминалците, како и брз одговор од нашитеот центар за мониторинг на аларми.

Ние помагаме да го заштитиме она што е најважно, наоѓајќи попаметни начини за спасување на животот и подобрување на деловното работење со најновите решенија за откривање на натрапници.