Електрика

 

Електричната енергија е неопходен дел од нашиот живот.

Денес, ние не можеме да си го замислиме животот без неа.

Таа е дел од нашето секојдневие каде што ја користиме постојано, во нашиот дом, на нашето работно место, секаде каде што се движиме.

Електричната енергија се поставува уште на почетокот од градењето на некој објект, и се надоградува и по неговото завршување.

 

Ние ви нудиме услуги за инсталирање на електрична енергија во вашите објекти, преку пуштање на кабли за напон според потребата, како и испитување, тестирање, анализирање, сервисирање, одржување и оценување ризици поврзани со вашите електрични системи и опрема.


Електричната инсталација е дел од преносниот систем од местото на приклучок на нисконапонската мрежа до потрошувачот.

Според висината на номиналниот напон електричните инсталации се поделени на:

-Инсталации за висок напон кои се наменети за електрично осветлување, за електромоторен погон, за термички потрошувачи и слично и  
-Инсталации за низок напон во кои што спаѓаат телекомуникациските, сигналните инсталации и слично.

 



Нашиот тим ќе осигура дека вашите компании и домови се лесни за одржување за да се избегне и намали времето потребно за одржување на истите. Редовното превентивно одржување ќе ги оддржи вашите компании сигурни. Елкон е клучот за долгорочна сигурност.


Придобивки од одржување на вашите контролни системи:
     Се подобрува безбедноста на објектот и техничките уреди
     Се обезбедува сигурност дека ќе функционираат заштитните уреди
     Безбедно се бришат условите за грешка (кратки кола, преоптеретување,итн.)
     Се намалува ризикот од оштетување на опремата и системот
     Се минимизираат загубите во производството и услугата на купувачите
     Се зајакнува оперативно учење и обука на електричниот систем
     Се овозможува опрема / системот да работи со максимална ефикасност
     Се обезбедуваат енергетски заштеди над неодржливата опрема.
    

Со превземање на неколку дополнителни чекори во изборот, дизајнот и инсталирањето на електричен проект, можеме да се осигураме дека ќе има минимално време на неуспех. Елкон ги контролира квалификуваните електричари кои со разбирање на распоредот на опремата имаат широко познавање на процесите и системите за контрола на електричната енергија. Секој кој ги тестира електричните системи треба да превземе мерки на претпазливост за да ја осигури безбедноста на другите, својата безбедност, како и заштитата на опремата која се испитува.
Одржуваната опрема го намалува времето на застој кое може многу да чини.

 

АВТОМАТИКА


 Имплементираната автоматика во инсталацијата за осветлување, греење и ладење овозможува управување со објектот и преку софтвер кој се извршува на компјутер или смарт телефон. Доколку системот е поврзан на Интернет, со објектот може да се управува и далечински. Овие можности значително го зголемуваат конфорот со употреба на овој тип инсталации, во однос на класичните инсталации.
     Со имплементација на автоматизација во осветлување, може да се овозможи автоматско палење на светло доколку има присуство на луѓе и автоматско гасење на истото доколку нема никој присутен. Светлото може да се подеси да свети од 0 до 100%. Константна осветленост во просторијата се овозможува со подесување на интензитетот на светлото во зависност од интензитетот на дневната светлина. Светлото може да се контролира и преку софтвер кој се извршува на компјуер или телефон.

 


Ролетните или жалузините можат да се дигаат или спуштаат на прекидач. Движењето на истите може да се автоматизира во зависност од времето во денот (наутро да се дигаат, навечер да се спуштаа) или во зависност од брзината на ветерот (на голема брзина да се спуштаат, на помала брзина се дигаат). Ролетните или жалузините може да се контролираат и преку софтвер кој се извршува на компјуер или телефон.
     Греењето и ладењето исто така може да се автоматизираат со цел на заштеда на енергија и зголемување на комфорот. Може да се подеси посакувана температура и системот истата ќе ја постигне. Доколку некоја врата или прозор е отворена подолго време, греењето/ладењето автоматски ќе се исклучи во таа просторија заради заштеда на енергија.
Функциите на инсталацијата во објектот, може да се со менување на програмите во уредите, без да има потреба да се менува самата инсталација.

Автоматизацијата во домови и згради овозможува:
-Управување со осветлување
-Управување со ролетни
-Управување со сигурносни системи
-Управување со системи за вентилација, греење и ладење
-Управување со мониторинг системи
-Далечинско управување со инсталацијата
-Мерење на разни физички величини
-Управување со аудио/видео.

Автоматизацијата во домови и згради која ви ја нуди Елкон, обезбедува комфор, сигурност, заштеда на енергија, флексибилност и адаптивност на иден развој.