Домофонија/ Видеофонија

Домофонијата е систем за комуникација и контролата на пристап во зградите. Домофонот е аудио комуникација во две насоки со можност за отворање на вратата.
Домофоните претставуваат квалитетно, едноставно и економично решение за безбедност на деловниот и станбениот простор. Современите домофонски системи може да имаат повеќе слушалки и повикувачки единици за згради и куќи со повеќе влезови и станови.



Во денешно време приматот над обичните аудио домофони го преземаат домофоните со вградена камера во позивната единица т.н. видеодомофони. Постојат видеодомофони со слика во боја и црно-бели, кои се поретки затоа што технологијата за изработка на LCD екрани напредуваше многу во последно време, па од таа причина видеодомофоните во боја сега се поефтини отколку што беа пред неколку години.

Денес, видедомофоните имаат многу особини кои ни овозможуваат безбедност и удобност во нашите домови.