Политика за колачиња
- Цел
Оваа Политика има за цел да ги опише видовите колачиња кои што ги користи организацијата на веб страната и целите за нивна обработка.
Со помош на колачињата се следи движењето на посетителите на интернет страната и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет страната од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интерент страната.
Повеќето колачиња што ги користиме автомтски се бришат од уредите на наште корисници на крајот од колачињата за сесија на прелистувачот.
Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа Политика со цел да добиете детални информации околу тоа зошто користиме колачиња и кои информаци колачињата ги собираат од Вас и за Вас.
- Намена
На нашата веб страна се стремиме да ја почитуваме приватноста и безбедноста на податоците кои ги собираме од посетителите а кон кои делуваме како Контролор на лични податоци според правилата и прописите пропишани во Законот за заштита на лични податоци.
Нашата веб-страна користи колачиња, во комбинација со пиксели, локално складирани објекти и слични техники (колективно, „колачиња“ освен ако не е поинаку наведено) за да Ве разликува од останатите корисници на веб-страната. Ова ни помага да обезбедиме подобро корисничко искуство и да ја подобриме нашата услуга додека ја користите веб-страната. Оваа политика за колачиња (cookies) ги опишува типовите на колачиња кои ги користиме на веб-страната и целите за нивното користење.
Доколку имате прашања во врска со оваа Политика или во врска со приватноста на податоците, Ве молиме контактирајте нé на https://elcon.mk/
За повеќе информации за практиките за приватност, Ве молиме погледнете ја нашата Политика за приватност.
- Што се колачиња?
Колачињата (cookies) претставуваат мали текстуални датотеки, кои се поставуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Колачињата се користат многу често од сопствениците на веб страниците со цел да се олесни функционирањето на веб страницата или да се запомнат Вашите активности и префернции со цел да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и за да се прикаже навигациската историја. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата.
Во однос на времетраењето односно начинот на чување на колачињата, разликуваме постојани и сесиски колачиња:
- Постојани колачиња: се колачиња кои остануваат на уредот на корисникот и по затворањето на прелистувачот. Овие колачиња се активираат секој пат кога корисникот ја посетува веб-страната што го создала тоа конкретно колаче.
- Сесиски колачиња: овие колачиња овозможуваат на веб-страните да го препознаат посетителот во рамките на една сесијата. Сесија на прелистувачот започнува кога корисникот ќе ја отвори веб-страната во прелистувачот и завршува кога ќе го затвори прозорецот на прелистувачот. Сесиските колачиња се привремени. Тие се бришат откако прелистувачот ќе се затвори.
Во однос на тоа, од каде е поставено колачето, тие се делат на колачиња поставени од „прва“ или колачиња поставени од „трета“ страна:
Колачињата поставени од сопственикот на веб-страницата (во овој случај ЕЛКОН КОНЕКШН ДООЕЛ) се нарекуваат „колачиња на првата страна“. Колачињата што се поставени од други страни, а не од сопственикот на веб-страницата, се нарекуваат „колачиња на трети страни“.
- Колачиња поставени преку нашата веб-страница
Општо земено, една веб-страна користи колачиња со цел да ги разликува корисниците. Ова ни помага да обезбедиме подобро корисничко искуство како и да ја подобриме нашата услуга кон посетителите.
Колачињата кои може да ги користиме на веб-страната би можело да се поделат во следните категории:
- Неопходни колачиња: системски и функционални колачиња
- Колачиња за аналитика и маркетинг: колачиња кои се употребуваат за аналитика, статистика, таргетирање и маркетинг
„Системски и функционални колачиња“ колачиња се колачиња кои се потребни на самата веб-страна за нејзино регуларно функционирање. Без овие колачиња веб-страната нема да работи правилно.
Овие колачиња се користат за:
- Автентикација при логирање како и идентификација дека сте најавени на веб-страната
- За безбедносни цели
- Паметење на избрани поставки
- За работа на функционалностите и компонентите во веб-страната
Доколку овие колачиња се спречат, тогаш работата и безбедноста на веб-страницата ќе бидат нарушени, а со тоа и нејзиното правилно функционирање.
Колачиња за „аналитика и маркетинг“ се колачиња кои собираат информации за посетителите и нивното движење и/или однесување низ веб-страната.
Овие колачиња се користат за:
- Веб-аналитика: обезбедување статистики за бројот на посетители и за тоа како се користи веб-страната
- Собирање на податоци за бројот на корисници на веб-страната кои прегледале производ или услуга
- Таргетирање со цел прикажување на насочени реклами преку трети сајтови/социјални мрежи
- Зошто користиме колачиња и други технологии за следење?
На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:
- За техничко функционирање на веб страницата;
- За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
- За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите од екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот,
- За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.
Со прифаќање на колачињата Вие се согласувате за ваква обработка на податоците од ЕЛКОН КОНЕКШН и за соодветен пренос на податоците на трети страни. Можете, исто така, лесно да конфигурирате за кои цели се согласувате да се обработуваат податоците. Ве молиме, притиснете „Потврди избор“ откако ќе го направите својот избор. Ако не направите никаков избор, обработката на податоците ќе биде ограничена само на потребниот степен за употреба на веб-страницата. Забележете дека врз основа на овие поставки не можат да бидат достапни сите функционалности на страницата. За да ја повлечете својата согласност, кликнете на „Преференции за колачиња“.
- Кога бараме Ваша согласностт
Бараме Ваша согласност само за поставување на колачињата кои спаѓаат во групата на аналитика и маркетинг. Согласноста за овие колачиња ја бараме пред да ги поставиме на Вашиот уред.
Системските и функционалните колачиња не се предмет на оваа согласност, бидејќи тие се неопходни за работата на веб-страната. Согласноста за поставување на колачињата за маркетинг и аналитика се дава со кликнување на соодветното копче на дијалогот за согласност за колачиња.
Доколку, откако сте дале согласност, сакате да ја повлечете согласноста, ќе треба да ги избришете или оневозможите колачињата преку поставките на вашиот прелистувач. Имајте во предвид дека доколку избришете или оневозможите и системски/функционални колачиња ќе ја нарушите работата на веб-страната.
- Како да ги избришете и блокирате нашите колачиња
Повеќето веб-прелистувачи имаат можност за контрола на колачињата преку поставките на прелистувачот. Овие поставки Ви даваат можност да бришете колачиња. Поставките за колачиња вообичаено се наоѓаат во менито „опции“ или „преференци“. Со цел да добиете повеќе информации за овие поставки, во Вашиот прелистувач, побарајте „Помош“ на нашата меил адреса, од каде можете да добиете повеќе детали околу бришењето и менувањето на поставките за колачиња.
Доколку ги избришете/блокирате сите колачиња од веб-страната, вклучувајќи ги и системските и функционалните колачиња, можете да ја нарушите работата на веб-страната и можеби нема да можете да пристапите до делови од веб-страната.
Во случај да ги избришете сите колачиња, освен ако не сте ги поставиле поставките на Вашиот прелистувач да ги блокира колачињата, при повторна посета на веб-страната, нашиот систем ќе ги реиздаде системските колачиња и повторно ќе побара согласност за издавање на аналитика и маркетинг колачињата.
- Промени во условите за употреба на Политиката за колачиња
Политиката за колачиња повремено може да се менува, со цел да вклучиме можни промени во колачињата што ги користиме или од други оперативни, правни или регулаторни причини. Поради тоа, ве молиме, редовно прегледувајте ја оваа Политика за колачиња, со цел да бидете информирани како ги користиме колачињата и другите технологии за следење. Политиката за колачиња е дел од Политиката за Приватност и заштита на лични податоци на
ЕЛКОН КОНЕКШН која што објаснува како постапува организацијата со собраните информации од нашите корисници. За повеќе информации посетете ја Политиката за приватност и заштита на лични податоци.
Датум: 05.04.2023 година
За какви било прашања слободно контактирајте не на: info@elcon.mk