Изберете го вашиот јазик

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Контролор:

ЕЛКОН КОНЕКШН

Ул.Емил Зола 6 лок.3, Скопје
Тел. + 389 02 2784 990

 

  1. Општо

ЕЛКОН КОНЕКШН се јавува како Контролор и обработувач на лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци на РСМ, при што ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци согласно закон, а субјекти на лични податоци покрај вработените се и клиентите и други физички и правни лица кои соработуваат, односно ги користат услугите и/или производите на Контролорот.

Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб страната https://elcon.mk сопственост на ЕЛКОН КОНЕКШН (“организацијата“, “нас”, “ние” и “нашите”) која ги користи Вашите податоци, а се однесува на нашата веб страна https://elcon.mk  и мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас.

Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка.
Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.

Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Можете да видите кога оваа Политика за заштита на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен подоле во “Последно обновено”.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

 

Во согласност со важечкото законодаство за Заштита на личните податоци, Вашите лични податоци може да бидат обработени ако:

   Сте ни дале согласност за обработката, која имате право да ја повлечете во било кое време, или обработката е неопходна за извршување на договор во кој Вие сте договорна страна или за да се преземат активности на Ваше барање пред Ваше пристапување кон договорот, или

   Обработката е неопходна за целите на наш легитимен интерес, без да се наруши Вашето право на приватност и доверливост, а за постоењето на ваков легитимен интерес, ќе Ве известиме во врска со конкретната обработка,

   Обработката е потребна за исполнување на наша законска обврска (за што ќе Ве известиме прекд обработката)

 

  1. Како ги чуваме Вашите лични податоци

ЕЛКОН КОНЕКШН ги презема сите технички и организациски мерки за обезбедување највиско ниво на тајност и на заштита на обработката на Вашите лични податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на нив. Во нашето друштво пристап до Вашите податоци можат да добијат само оние лица на кои им се потребни тие информаци за исполнување на нашите договорни и законски обврски и само до оној степен што е неопходен за исполнување на целта на обработката.

Вработените во организацијата имаат потпишано Изјава за обезбедување тајност и заштита на личните податоци и се обврзани да ги чуваат и да се однесувааат со Вашите податоци како со информации од доверлива природа.

Вашите лични податоци не се споделуваат со трети лица и се користат исклучиво за цели на функционирање на бизнисот. Освен во случај на ангажирање даватели на услуги, доколку ЕЛКОН КОНЕКШН ги ангажира како обработувачи, со што ќе бидат обврзани да постапуваат според упатствата на организацијата и да обезбедат заштита на личните податоци што се обработуваат при обезбедување на тие услуги, во согласност со апликативните законски прописи за заштита на личните податоци.

Ние ниту нашите партнери нема да ги пренесеме Вашите лични податоци на трети страни во каква било форма, освен ако не добиеме Ваша согласност или ако сме законски обврзани да го сториме тоа. Организацијата задржува контрола над употребата на овие податоци.

 

  1. Рокови за чување на Вашите лични податоци

Пресметка на роковите на чување и задржување на личните податоци, се заснова на следниве критериуми:

  • Времетраење на договорот (доколку имате договор со нас)
  • Времето потребно за обработка на барањето или жалбата (доколку е поднесена жалба)
  • Наши законски или договорни обврски.

Вашите податоци ќе се чуваат само онолку колку што е потребно за да се исполнат сите горенаведени цели. Вашите лични податоци нема да се чуваат во форма што дозволува да бидете идентификувани подолго отколку што е потребно за да се постигне целта за која се собрани или обработувани.

ЕЛКОН КОНЕКШН чува одредени лични податоци во согласност со временските рокови пропишани со закон или со интерните акти на друштвото и само во траење кое е потребно за остварување на целта заради која се собрани.

Некои од Вашите лични податоци потребно е да ги чуваме во архивата за да можеме да одговориме на какви било правни постапки и за време пропишано со важечките закони. Доколку имате договор со нас, Вашите лични податоци се чуваат најдолго 10 години по Вашата последна активност.

Доколку сте дале согласност, ние ќе ги обработуваме Вашите лични податоци се додека не ја повлечете согласноста. Кога ќе се исполни целта заради која се обработуваат личните податоци на субјектот, тие ќе бидат избришани и во случај кога субјектот не побарал повлекување на дадената согласност.
Доколку направите основан приговор за обработка на личните податоци, заснован на легитимен интерес, ние нема да ги обработуваме Вашите лични податоци во иднина. Доколку се поведат судски, административни или вонсудски постапки, личните податоци може да се чуваат до крајот на таквата постапка, вклучувајќи го и можниот период за поднесување правни лекови.

 

  1. Кои се Вашите права?

ЕЛКОН КОНЕКШН гарантира остварување на сите Ваши законски права во врска со обработката на Вашите лични податоци. Вие во секој моемнт имате право да побарате од организацијата:

   право на пристап – право да поденсете Барање за пристап до своите лични податоци, односно да добиете информација за податоците што се обработуваат за Вас и да проверите дали се тие точни и ажурирани,

   право на исправка – доколку откриете дека вашите лични податоци што ги обработува организацијата не се точни или не се целосни, имате право да побарате нивна исправка,

   право на бришење – право да побарате од организацијата да ги избрише вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;

   право на ограничување на обработката – право да побарате организацијата да ја ограничи обработката на вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;

   право на преносливост на податоците – право да ги добиете своите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да ги пренесете на друг обработувач, без попречување од организацијата.

   право на приговор – право на приговор врз основа на конкретна ситуација доколку обработката на вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или се врши за цели на директен маркетинг и за профилирање поврзано со директниот маркетинг, под одредени услови утврдени со закон и

   право на повлекување на согласноста – имате право да ја повлечете својата согласност за користење на вашите лични податоци во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката, врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување.

Доколку сакате да ги остварите горенаведените права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци или имате дополнителни прашања поврзано со обработка на вашите лични податоци, обратете се до Офицерот за заштита на лични податоци електронски,  или испратете барање до поштенската адреса наведена подолу:  

Друштво за производство, трговија и услуги ЕЛКОН КОНЕКШН ДООЕЛ Скопје,

Ул.Емил Зола 6 лок.3 или на

      Е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

За Офицерот за заштита на лични податоци на електронската адреса:

Со цел да ви го дадеме потребниот одговор, ве молиме да ги наведете следниве информации:

  • ваша врска и интеракција со нас.
  • Име и презиме на субјектот на лични податоци,
  • Контакти за повратни информации – адреса, телефон, адреса на електронско сандаче
  • опис на барањето/информациите што би сакале да го/ги добиете од нас.

Доколку сметате дека обработката на вашите лични податоци од страна на ЕЛКОН КОНЕКШН не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци или, пак, доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршувањето на прописите за заштита на личните податоци преку Агенцијата за заштита на личните податоци.

 

  1. Видови на податоци кои ние ги собираме

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници - Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:

  • пристапувате или го користите нашиот сајт;
  • се регистрирате и/или се зачленувате;
  • ги отворате или одговарате на нашите email пораки;
  • контактирате со нашата корисничка поддршка;
  • давате податоци за да се вклучите или учествувате во програми организирани од или за сметка на нашите бизнис соработници;
  • оставате коментари на сајтот;
  • ја посетувате нашата веб страна која прикажува наши реклами или содржини;
  • купувате производи или услуги преку нашиот сајт;
  • се поврзувате на сајтот преку социјалните мрежи;
  • давате информации на наши Бизнис провајдери;
  1. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци

Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме Вашето искуство Вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која организацијата ја има со Вас.

(а) Промотивни е-маил пораки

Во било кое време можете да одберете да не добивате промотивни е-маил пораки од нас со следење на инструкциите кои се содржани во секој промотивен е-маил испратен од нас. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки. Сепак, Ве молиме имајте предвид дека без разлика дали ќе одбиете да добивате промотивни пораки, ние се уште може да Ви испраќаме не-промотивни е-маил пораки за извршени трансакции, активности на Вашиот профил, купување или потврда за одредена активност која сте ја презеле преку Вашиот профил.

(б) Колачиња и други технологии

Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со опцијата “Поставки на колачиња” која се појавува како Pop Up кога го посетувате https://elcon.mk За повеќе информации Ве молиме посетете ја “Политиката за колачиња“.

Исто така може да одберете кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате со нас преку Социјалните мрежи. Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и Политиката за колачиња за да може да научите како да ги прилагодите пермисиите и да ја промените интеракцијата помеѓу организацијата и Вашиот профил на социјалната мрежа.

 

  1. За кои цели организацијата ги користи податоците

Ние (или нашите “Бизнис Провајдери” во наше име) ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци со цел:

  • работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт и услугите/понудите/аранжманите кои ги нудиме, како и други програми;
  • понуда на реклами базирани на Вашите интереси, push нотификации, комуникација и понуди за производи и услуги од нас, нашите бизнис соработници, вклучително и комуникација базирана на геолокација;
  • да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување;
  • да ви одговараме на Ваши барања и прашања;
  • анализа и спроведување на истражувања;
  • да комуницираме и Ве информираме за дополнителни работи околу организацијата и нашите соработници;
  • да Ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации, вклучително во име на нашите соработници;
  • да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите,
  • да Ви овозможиме да постирате видео содржини или да се пријавите за специјални понуди/акции, наградни игри преку сајтот или други програми кои ќе ги овозможиме;
  1. Кога и како организацијата открива податоци

Ние (или нашите “Бизнис Провајдери” во наше име) нема да ги споделиме, продаваме или изнајмуваме Вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:

Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со трети соработници (крајни продавачи на услуги). Бизнис Соработниците чии услуги и производи се продаваат и користат од Вас, може да побараат податоци за Вас како корисници кои ја купиле понудата/аранжманот/услугата/производот, со цел да Ви помогнат при замената на производот/услугата. Во овие случаи, ние споделуваме некои од Вашите лични податоци со продавачите на крајните услуги. Ние ќе споделуваме лично идентификациони податоци со продавачот само ако се вклучите во некоја активност која бара идентификација, и само со продавачот кој е вклучен во таа активност за која се барало идентификација. Ние не преземаме било каква одговорност за постапките на крајните продавачи. Ние ги информираме дека им е дозволено да комуницираат со Вас за целите за одредени производи кои се продавале преку организацијата. Ние немаме никаква одговорност за активностите на крајните продавачи и нивните активности не се под наша контрола.

Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица – Бизнис Провајдери. Овие “трети лица – Бизнис Провајдери” извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки/купувања, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние, исто така, може да собираме лични податоци од поединци и претпријатија со кои имаме бизнис односи и може да ги споделуваме Вашите податоци со Бизнис провајдери со цел да се остварат нашите административни задачи. На пример, кога купувате некоја услуга, податоците од Вашата платежна картичка се процесираат преку платежниот процесинг систем на е-Банк со цел да се потврди плаќањето и доколку е успешно остварено може да испратиме податоци за Вашата адреса на крајниот продавач заради реализација на услугата. Исто така, можеме да дадеме податоци за крајниот продавач на нашата банка со цел да се направи исплата. Ние ги охрабруваме крајните продавачи и третите лица Бизнис Провајдери да ги усвојат и објават своите Политики за заштита на лични податоци. Сепак, употребата на Вашите лични податоци од страна на тие лица е уредена од страна на тие странки во Политиките за заштита на лични податоци и не е предмет на наша контрола.

Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со податоците што ги чуваме, вклучувајќи ги личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци.

Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.

Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со “Огласувачи” или “Маркетинг компании”.

 

  1. Како организацијата ги собира податоците

Податоците кои Вие ги имате оставено се користат со цел да се овозможи онлајн користење на веб сајтот https://elcon.mk непречено да се одвиваат сите активности по купувањето, телефoнски контакт и други активности потребни за реализација на услугите/производите кои ги нудиме.

Вие ни ги оставате Вашите податоци кога се регистрирате, вршите купување или искористувате услуги или на било кој начин имате интеракција со нашиот сајт. За целите на купување услуга/производ од страна на корисниците, се користат следните податоци: име, презиме, држава, адреса, место(град), датум на раѓање, телефон за контакт и емаил адреса. За целите на издавање потврда за купен производ/услуга се користат адреса, место на живеење и контакт број. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа собираме податоци и од други извори и на други начини со цел да го подобриме искуството.

Еден таков начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies). За да се олесни и прилагоди Вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на Вашиот компјутер. Колаче е мал текстуален податок кој е складиран на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме колачиња додека ја користитите нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Колачињата, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале.

Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но Вие можете да ги промените подесувањата за кои колачиња ќе ги користиме при Вашата посета на веб страницата со опцијата “Поставки за колачиња”, за да одбиете зачувување на одредени колачиња. За повеќе информации прочитајте ја целата “Политиката за колачиња”.

Други помагала за следење. Ние може да користиме други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја следиме Вашата употреба на нашите веб-страници и промоции, или може да им овозможиме на нашите Бизнис провајдери да ги користат овие уреди во наше име. Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашиот веб-сајт или во нашите е-пораки, кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите Вашата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични податоци за таа акција.

Податоци од паметни уреди користиме кога Вашиот уред има интеракција со нашиот сајт и кога не сте логирани на нашиот сајт. Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.

 

  1. Безбедноста на податоците

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и преземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Oбработката на личните податоци се врши преку „клауд“ услуга која е обезбедена преку „аутсорсинг“ cloud provider со кој како обработувач е склучен договор со кој во целост се почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци, за истото е заведена и прифатена Пријава во АЗЛП под број 11-217/1 за пренос на лични податоци во држава членка на ЕУ или Европскиот економски простор согласно член 48 став (3) од Законот за заштита на лични податоци.

Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.

 

  1. Социјални мрежи

Друштвени јавни области

Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, ако ја објавите Вашата е-маил адреса заедно со Вашето мислење за некој хотел/апартпан, авио компанија како коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита Вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.

Поврзување преку социјални мрежи (Facebook, Instagram)

Организацијата им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи. Ако сте најавени на Социјална мрежа, кога ќе кликнете на “Поврзи се” (Connect with Facebook) ќе ги споиме Вашите профили, ако е-маил адресите се совпаѓаат. Ако е-маил адресите не се совпаѓаат, ќе имате можност да ги споите мануелно преку опцијата “Мои Поврзувања” на Вашиот профил.
Ако веќе сте најавени на
https://elcon.mk/  но не и најавени на некоја Социјална мрежа, кога ќе кликнете на опцијата за поврзување преку социјална мрежа ќе биде побарано да ги внесете Вашите податоци за логирање на конкретната социјална мрежа.

 

  1. Приватноста на трети страни

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас https://elcon.mk/
Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.

 

  1. Политика за заштита на лични податоци на деца (малолетни лица)

Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да вршите купувања на услуги и производи.

 

  1. Терминологија

Бизнис Провајдери, се однесува на трети страни кои изведуваат бизнис операции во име на организацијата, како на пример процесирање на трансацкии, комуникациски сервиси (е-маил, испорака на пратки и сл.), маркетинг, процесирање на податоци и аналитика, платформи за рекламирање или информациско-технолошки услуги и сл.

Бизнис Соработници, се однесува на трети страни, крајни продавачи со кои соработуваме како што се компаниите чии понуди се промовираат, продаваат и користат.

Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.

Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.

Друштвени јавни области, се однесува, збирно на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашиот сајт.

Колаче, значи единствен идентификатор, најчесто составен од мали битови на текст или код.

 

  1. Промени на Политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени.

 

Датум: 05.04.2023 година.

 

ЕЛКОН КОНЕКШН гарантира за Заштитата на личните податоци на вработените и на субјектите до чии податоци има пристап и изјавува дека ќе се придржува до имплементираните технички и организациски мерки!